Вести

Кавадарци обезбеди велосипеди за бесплатно изнајмување

14.04.2025

Општина Кавадарци обезбеди велосипеди за бесплатно изнајмување, изнајмувањето започнува од утре,  информираше попладнево градоначалникот Митко Јанчев.

Општина Кавадарци следејќи ги искуствата во светот, обезбеди околу шеесет велосипеди во одлична кондиција. Со одлука на Совет на Општина, ги дадовме на јавното претпријатие за градски превоз Кавадарци. На две локации, едната е до туристичкото информативно биро во строгиот центар на градот. Втората, до споменикот на 12 Ваташки другари, каде што има повеќе од шест километри велосипедска патека со можности за рекреирање, соопшти Јанчев. 

Секој ден од девет до 21 часот ќе можело бесплатно да се изнајми велосипед, со личен документ за идентификација. Eдно полнолетно лице ќе можело да изнајми четири велосипеди, два за возрасни и два за деца.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано