Економија
ХРВАТСКА СО НОВИ 64.000 РАБОТНИ МЕСТА
14.04.2025
Според анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2024 година во Република Хрватска имало 1,68 милиони вработени, што е зголемување од 64 илјади или 3,9 проценти во споредба со 2023 година.
Во истиот набљудуван период, имало 89.000 невработени, што е намалување од 16.000 во споредба со 2023 година.
Во 2024 година, стапката на вработеност кај лицата на возраст од 15 до 64 години изнесуваше 68,3 проценти, што е зголемување од 2,5 процентни поени во споредба со 2023 година.
Стапката на невработеност според анкетата кај лицата на возраст од 15 до 64 години изнесуваше 5,1 процент, што е за 1,1 процентен поен помалку од минатата година, објави Сеебиз.
фото freepic