Економија

ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА ДОСТАПНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАШТЕДА ОД 45 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

19.03.2025

Европскиот акционен план за достапна енергија ќе донесе заштеда од 45 милијарди евра во првата година од спроведувањето, додека до 2040 година таа сума ќе достигне дури 260 милијарди, изјави европскиот комесар за енергетика и домување Ден Јоргенсен.

- Ова ќе му овозможи на просечното европско семејство да заштеди над 200 евра годишно,  рече Јоргенсен во интервју за Европската мрежа за вести (ENR), заеднички проект на дваесетина европски новински агенции, меѓу кои и Хина.

Високите цени на енергијата сериозно ја загрозуваат конкурентноста на европската економија, е еден од заклучоците од извештајот што за Европската комисија го подготви поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

ПРЕПОРАЧАНО