Економија

ДЕСЕТ ЗЕМЈИ ОД ЕУ СО НАМАЛЕНА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ

15.03.2025

Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската Унија во четвртиот квартал од 2024 година била 75,9 отсто, објави Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ забележува дека процентот на сите лица со незадоволени потреби за вработување бил 10,8 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, што е намалување за 0,1 процентен поен во однос на третиот квартал од 2024 година.

Во споменатиот период, стапките на вработеност меѓу 15-те земји на Европската Унија се зголемени во Грција и Луксембург (по 0,8 отсто), како и во Литванија, Малта и Словенија (по 0,5 отсто).

Стапката на вработеност остана на исто ниво во Естонија и Унгарија, додека се намали во 10 земји од ЕУ, а најголем пад е забележан во Ирска (0,6 проценти), како и во Финска, Италија и Латвија (по 0,4 проценти), пренесува Телеграф.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО