Економија

ЗЕМЈИТЕ ОД Г20 СО МИНИМАЛЕН ПРОСЕЧЕН РАСТ НА БДП

13.03.2025

Бруто домашниот производ во земјите од Г20 порасна за 0,9 отсто во четвртиот квартал од 2024 година.  објави во четвртокот Организацијата за економска соработка и развој.

Кварталните стапки на раст на БДП на Г20 останаа релативно стабилни во последните две години, во опсег од 0,6 до 1,0 отсто.

Растот на БДП во Турција значително закрепна во четвртиот квартал од минус 0,1 отсто на 1,7 отсто, а во Јужна Африка од минус 0,1 на 0,6 отсто.

Во Кина БДП порасна  од 1,3 на 1,6 отсто, во Индија од 1,4 на 1,6 отсто, во Австралија од 0,3 на 0,6 отсто, во Јапонија од 0,4 на 0,6 отсто, во Канада од 0,5 на 0,6 отсто и во Италија и Велика Британија од нула на 0,1 отсто.

Растот беше стабилен во Индонезија од 1,2 отсто и во Јужна Кореја од 0,1 отсто, додека останатите земји од Г20 забележаа или контракции или забавување на растот во четвртиот квартал во споредба со третиот.

Во Мексико има намалување на БДП за 0,6 отсто, Германија за 0,2 отсто и Франција за 0,1 отсто, додека растот забави во САД од 0,8 отсто на 0,6 отсто, Саудиска Арабија од 0,9 на 0,5 отсто и Бразил од 0,7 на 0,2 отсто, пренесува Бизнис.рс.


 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО