Lifestyle

БРАКОТ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД ДЕБЕЛЕЕЊЕ КАЈ МАЖИТЕ, НО НЕ И КАЈ ЖЕНИТЕ!

13.03.2025

Во студијата која е спроведена од научници од Националниот институт за кардиологија во Варшава се заклучува дека бракот го зголемува ризикот за дебелеење  кај мажите, но не и кај жените!

Глобалната стапка на дебели луѓе драстично порасна од 1990 година. Се проценува дека до 2050 година повеќе од половината возрасни лица  и една третина од децата ќе имаат прекумерна телесна тежина или ќе бидат дебели, пишува Гардијан.

Како поважни фактори за дебелеењето  се: лошата исхрана, недостиг на физичка активност, генетиката и здравствените проблеми.

Во истражувањето биле опфатени 2.405 лица на возраст од 50 години, во чие истражување биле вклучени и други фактори за зголемување на телесната маса, како што се староста, брачниот статус, менталното здравје ...

Студијата  покажала дека оженетите мажи за 3,2 пати се повеќе подложни на дебелеење во однос на ергените, додека стекнувањето со брачен статус не го зголемил ризикот за дебелеење кај жените.

Исто така, бракот ја зголемува веројатноста за добивање на прекумерна телесна тежина кај мажите (за 62 отсто) и кај жените за 29 отсто.

Претходните истражувања во Кина за 2024 година потврдија дека индексот на телесна маса (BMI)  кај мажите се зголемува  во првите пет години од бракот поради зголемено внесување на калории и недостиг на физичка активност.  

Авторите на студијата од Варшава наведуваат дека староста и депресијата значително влијае на дебелеењето со секоја година на старост и се зголемува ризикот од прекумерна телесна тежина  и тоа за три отсто кај мажите и за четири отсто кај жените.

Резултатите од истражувањето го потврдија претходните сознанија дека БМИ за мажите расте со влегување во бракот и се намалува преди по разводот, пренесува РТВ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО