Економија
КОЈ ПОВЕЌЕ ЌЕ (ИЗ)ГУБИ ОД ЦАРИНСКАТА ВОЈНА МЕЃУ САД И ЕУ, истражување на Институтот за светска економија во Киел
12.03.2025
Повисоките царини и почнувањето на трговската војна повеќе ќе ги чинат САД отколку Европската Унија, е одговорот од истражувањето на Институтот за светска економија во Киел. Според пресметките на ИФВ новите царински стапки ќе го намали бруто домашниот производ на ЕУ за само 0,02 отсто. Имено, производите од челик и алуминиум сочинуваат само пет проценти од европскиот извоз, а само мал дел од тоа се извезува во САД.
Ефектот од поскапувањето на производите во САД ќе биде многу повидлив. Цените на американскиот пазар ќе скокнат за 0,47 отсто, што ќе ја поттикне инфлацијата, а се предвидува пад на извозот во САД за 1,37 отсто.
Значителното зголемување на цените на увозот на челик и алуминиум ќе го поскапи производството во американските индустриски погони, што ќе ја наруши нивната конкурентност на меѓународниот пазар.
- Тарифите како протекционистички потег може да имаат ефект во контекст на слоганот „Америка на прво место“, но во крајна линија, тие се против американските економски интереси, изјави Џулиона Хинц од ИФВ.
Во пресметката на Институтот не се зема предвид одговорот на ЕУ на трговската политика на Трамп и можната ескалација. Трамп најави зголемување на тарифите за целиот увоз на челик и алуминиум на 25 отсто, а нивната примена е најавена од неделава, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic