Вести

Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола

12.03.2025

Општина Кисела Вода првпат воведува субвенции за младите, со цел да им помогне во стекнувањето на возачка дозвола од Б категорија. Оваа финансиска поддршка, во висина од 10.000 денари, е наменета за сите матуранти од генерацијата 2025 година кои ќе се запишат или веќе се запишале на обука за теоретски и практичен дел во некоја од лиценцираните автошколи, почнувајќи од 1 јануари 2025 година, информираат денеска од Општината.

За да ја искористат оваа можност, младите треба да бидат жители на Општина Кисела Вода и да приложат потврда дека следат последна година од своето средно образование. Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на предвидените средства во општинскиот буџет, кои изнесуваат 4 милиони денари.

Обезбедувањето возачка дозвола, велат од Кисела Вода, претставува значаен чекор кон поголема самостојност, мобилност и конкурентност на младите на пазарот на трудот. Преку оваа мерка, Општина Кисела Вода, како што истакнуваат, не само што ја олеснува финансиската тежина врз нивните семејства, туку и поттикнува безбедно и законско учество во сообраќајот.

Критериумите и сите дополнителни информации се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода кеде што е поставен јавниот повик

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано