Lifestyle

Од мрестилиште избегале 27.000 лососи, понудена награди за нивно фаќање!

12.02.2025

Компанијата за производство на морски плодови, кој е најголем производител на лососи во светот, соопшти дека од мрестилиштет во Тромс, на северозападот на Норвешка, избегале една четвртина од вкупниот рибен фонд од 105.000 единки.  Од компанијата понудиле награда од околу 45 американски долари за секој уловен одгледуван лосос.

Норвешката дирекција за рибарство потврди дека имало оштетување на мрежата на кафезот по невремето во овој регион. Просечната тежина на секоја единка од овие лососи е околу 5,5 килограми.

За оваа хаварија реагираа и еколошките активисти и предупредија дека „ова е катастрофа за популација на дивите лососи“, пренесува „Политика“.


фото freepic 

 

 

 

 

 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО