Економија
КАНАДА БАРА НОВ ЕКОНОМСКИ ПАРТНЕР ВО ЕУ ПО САНКЦИИТЕ ОД САД
09.02.2025
Соочена со заканата од повисоки американски царини, Канада сака да ги продлабочи економските врски со ЕУ и да ги зачува правилата за глобална трговија, изјави канадската министерка за трговија Мери Нг.
-Трговските договори се една работа. Видовме навистина голем број такви договори, но прашањето е што повеќе би можеле да направиме за да им помогнеме на канадските бизниси да влезат на пазарот на која било од 27-те земји-членки на ЕУ, рече Нг.
Таа додаде дека експлоатацијата на минерали и прашањата поврзани со помалите бизниси ќе бидат меѓу главните области во преговорите со ЕУ. Oва особено се однесува на желбата на ЕУ да воспостави партнерства за обезбедување на метали кои се клучни за енергетската транзиција - кобалт, литиум и никел - со цел да се намали зависноста од Кина.
Во 2017 година ЕУ и Канада потпишаа договор за слободна трговија со кој билатералната трговија се зголеми за 65 отсто, а во 2021 година беше воспоставено партнерство за суровини, пренесува „Политика“.
фото freepic