Вести
Без струја и вода утре корисници во Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
05.02.2025
Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа утре од 9 до 15 часот без струја ќе останат дел корисниците од село Горно Нерези во Општина Карпош, ул.„ Чаирска“ од бр. 40 до бр. 90, ул. „Цветан Димов“ од бр. 4 до бр. 20 во Општина Чаир, дел од потрошувачите околу манастир „Св.Илија“ – Чардак и Етновила Весница во Општина Чучер Сандево.
Прекин во напојувањето со електрична енергија утре ќе има и од 07:30 до 16:00 часот за корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек во Општина Аеродром).
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. „Максим Горки“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. „Максим Горки“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, пренесува МИА.