Вести

Возот од Скопје за Куманово ќе сообраќа двапати дневно

05.02.2025

Првиот воз од Скопје за Куманово ќе тргне денеска и ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.

- Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт".


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО