Економија

ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГИЈАТА ЈА ЗАБРЗАА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА

05.02.2025

Инфлацијата во еврозоната забрза во јануари, поттикната од растот на цените на енергијата, покажаа прелиминарните податоци на Европската статистичка служба.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена преку Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јануари изнесуваше 2,5 отсто, додека во декември беше 2,4 отсто.

Растот на цените забрза на почетокот на новата година, четврти месец по ред. Трендот на забавување на инфлацијата беше прекинат во октомври кога растот на цените забрза од септемвриските 1,7 на два проценти.

Во јануари има најсилно зголемување на цените на услугите од 3,9 отсто. Свежата храна е поскапа за 1,4 отсто. Цените на енергијата драстично скокнаа, до 1,8 отсто, што е најсилно од пролетта 2023 година. На месечна основа, цените во еврозоната во јануари паднаа за 0,3 отсто.

Во јануари базичната инфлација која е важен показател за економските експерти, која се пресметува со исклучување на нестабилните цени на енергијата и храната, беше стабилна на 2,7 отсто, што е непроменета вредност во однос на септември.

Енергентите поскапеа за 2,9 отсто во јануари во однос на декември, покажуваат податоците на Евростат.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО