Lifestyle
ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ НАЈВИСОКИ ВО ГЕРМАНИЈА, НАЈМАЛИ ВО...
04.02.2025
Трошоците за превентивна здравствена заштита во Европската Унија учествуваа со 5,5 отсто од вкупните расходи за оваа област во 2022 година.
Овој удел го одразува влијанието на мерките за превентивна нега активирани како одговор на пандемијата Ковид-19, кои сè уште беа во сила во 2022 година. Како резултат на тоа, трошоците за превентивна здравствена заштита се зголемија од 2,9 проценти во 2019 година и 3,5 проценти во 2020 година, на 6,1 отсто во 2021 година, објави европската статистичка служба Евростат.
Во 2022 година најголемо учество е забележано во Германија (7,9 отсто од вкупните трошоци за здравство), Австрија (7,4 отсто) и Финска (6,4 отсто). Најмало учество има Малта (1,2 отсто), потоа Полска (1,9 отсто) и Словачка (2,0 отсто).
Трошоците за превентивна заштита во ЕУ изнесуваат 202 евра по глава на жител, што е намалување за шест отсто во споредба со 2021 година (216 евра по глава на жител).
Меѓу земјите на ЕУ, Германија (со 458 евра) имаше најголеми трошоци за превентивна нега по глава на жител, а потоа следат Австрија (411 евра) и Холандија (312 евра).
Полска (со 22 евра), Романија (24 евра) и Бугарија (31 евро) забележаа најмали расходи за превентивна нега по глава на жител, пренесе „Бизнис.рс“.
фото freepic