Вести

Годинава нема покана за Бугарија за заедничко чествување на Гоце Делчев, изјави бугарскиот шеф на дипломатијата

03.02.2025

Заедничко одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе нема бидејќи Бугарија не добила покана од Северна Македонија, изјави денеска шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во интервју за БТВ.

- Ако прашањето е зошто нема да има заедничко чествување, тоа е затоа што не сме добиле покана за такво нешто. Последното такво чествување беше откако се потпиша Договорот за добрососедство во 2017 година. Но, во овој момент немаме покана од Република Северна Македонија заедно да го чествуваме тој ден, рече Георгиев.

Прашан дали со заедничкото одбележување би можеле да повторат тензиите од 2023 година, тој посочи дека „историјата треба да обединува, а не да разделува“.

За односите меѓу Софија и Скопје оцени дека се „специфични“.

Одговорајќи на прашањето дали Софија ќе ја промени позицијата, со оглед на ставот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека Бугарите нема да бидат внесени во Уставот без јасни гаранции од ЕУ, Георгиев рече дека Скопје нема како да го продолжи пристапниот процес доколку не ги исполни преземените обврски, пренесе МИА. 

ПРЕПОРАЧАНО