Економија
ИЗВОЗОТ НА АЛБАНИЈА ВО ДРАМАТИЧЕН ПАД, ЛАНИ ОСТВАРЕН РЕКОРДЕН ДЕФИЦИТ ВО РАЗМЕНАТА
03.02.2025
Минатата година, трговскиот дефицит достигна историски рекорд, бидејќи извозот падна со најбрзо темпо во последните 20 години. Односот на покриеност на увозот и извозот падна на 41,7% во 2024 година од 51,7% во 2023 година, објавија албанските медиуми.
Слободниот пад на извозот во 8-те главни групи стоки ги сноси последиците од падот на вредноста на еврото во однос на домашната валута, зголемените домашни трошоци и падот на странската побарувачка.
-Од друга страна, развојот на туризмот, наместо да се поврзува со домашното производство, го поттикнува растот на увозот. Експертите ги анализираат последиците од падот на производството и зголемената зависност на економијата од туризмот и градежништвото, наведуваат медиумите.
Дека албанската економија ја загуби конкурентноста на меѓународните пазари докажаа и податоците за надворешно-трговската размена за годината што штотуку замина. Извозот се намали втора година по ред во 2024 година, додека увозот се зголеми.
Според медиумите, приходите што се остваруваат од туризмот и странските инвестиции се одлеваат во странство за набавки на стоки, што „сигнализира дека производствениот сектор наместо да се шири од зголемувањето на бројот на посетители, паѓа во бездна“.
фото freepic