Економија

БУГАРИЈА СО АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА КОЗЛОДУЈ И ЗА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА

03.02.2025

Бугарија има долгорочно искуство во прозиводството на нуклеарна енергија, а реализацијата на проектите за изградба на нови нуклеарни капацитети има стратегиско значење за земјата и за регионот во Југоисточна Европа, изјави Жечо Станков, министерто за енергетика.

Станков ја истакнал важноста од ефективното учество на бугарските компании во изградбата на седмиот и осмиот блок на локацијата на нуклеарната електрана Козлодуј. Процесот на реализацијата на овој проект мора да биде во согласност со бугарските правни рамки и стандарди, со почитуваљње на меѓународните норми за безбедност и заштита на животната средина.

- Амбицијата на Бугарија е да биде прва држава во Европа со функционален реактор АП1000. Очекувам новите капацитети во Козлодуј да бидат симбол на успехот и стандард за реализација на договорите за нуклеарните електрани, не само во Европа, туку и глобално, изјави Станков, пренесува „Енергетика.ба“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО