Lifestyle
НИКОЈ НЕ ДОАЃА ДА ЈА ПОДИГНЕ НАГРАДАТА ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА НА ЛОТАРИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА!
30.01.2025
Лицето кое е добитник на 83 милиони фунти (околу 100 милиони евра) на лотаријата „Евро-милион“ во Велика Британија се уште не се Јавил да ја подигне наградата, соопштија од организаторот на играта на среќа. По шест дена од извлекувањето на главната премија никој не дошол да се идентификува како сопственик на добитното ливче со броевите: 2, 11, 19, 30 i 49, со дополнителните броеви 3 и 8.
- Не ми се верува дека постои некој кој освоил награда, а се уште да не се појави. Постојат 83 милиони причини да ја пријави добивката. Ги повикуваме сите луѓе кои учествувале во извлекувањето на лотаријата, да ги проверат своите уплатени ливчиња, изјави Енди Картер, советник во компанијата „Олвин“.
Најголемата награда која била исплатена изнесува 195 милиони фунти (233 милиони евра) во јули 2022 година, пренесува „Политика“.
фото freepic