Lifestyle
Вештачката интелигенција ja обликува иднината со Galaxy S25 серијата
30.01.2025г.
Samsung продолжува да ги поставува стандардите во мобилната технологија со Galaxy AI, иновативниот систем за вештачка интелигенција, кој ја дефинира новата Galaxy S25 серија. Со интеграција на интелигентни функции, адаптивни решенија и персонализирани искуства, Galaxy AI го прави секојдневието полесно, побрзо и поинтуитивно од кога било досега.
Телефон што размислува за вас – лесна комуникација и автоматизација
Со новите Galaxy AI можности,новите телефони Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25 ве разбираат подобро од кога било. Без разлика дали сакате да ги автоматизирате задачите, да добиете интелигентни предлози или да комуницирате на природен начин, Galaxy AI е секогаш чекор пред вас.Со функцијата Now Brief добивате сумирање на информации од вашиот ден, вклучувајќи состаноци, потсетници и нотификации, за да бидете секогаш подготвени.
Со опцијата Now Bar ќе имате брз пристап до важни информации, како временска прогноза, вести, актуелни случувања или спортски резултати, без да мора да отворате апликации.
AI што го олеснува мултитаскингот – поинтелигентно завршување на задачи
Телефоните од новата серија Galaxy S25 ги активираат апликациите да работат заедно, без вие да морате да менувате прозорци. Со функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) можете сега со само еден допир брзо да повикувате броеви, да испраќате е-пошта или отворате веб-страници. Функцијата за Транскрипција на повик (Call Transcript) и резиме ја организираат вашата комуникација генерирајќи записи, додека Помошта при пишување (Writing Assist) овозможува резимирање на содржина и автоматско форматирање на белешки, без потреба за префрлање помеѓу апликации. За дополнителна креативност, функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на вашите идеи.
AI што ја унапредува фотографијата и видеото – совршени снимки со еден допир
Со новите Galaxy AI функции, фотографијата и видеото достигнуваат професионално ниво без потреба од сложено уредување.
- - ProVisual Engine – автоматски оптимизира фотографии за подобар баланс на бои и осветленост.
- - Audio Eraser – ги елиминира несаканите звуци од видеата, за чисто и професионално аудио.
- - Galaxy Log – додава кинематографска обработка на бои во вашите видеа.
- - Object-aware Engine – препознава осветлување и автоматски го прилагодува за природни и детални портрети.
AI што ви ја гарантира приватноста и безбедноста
Galaxy AI не само што ја зголемува вашата продуктивност, туку и ги штити вашите податоци.
- - Personal Data Engine – Анализира податоци и ви дава персонализирани препораки без да ја компромитира приватноста.
- - Samsung Knox Vault – Ги шифрира и складира вашите лични податоци, и ги прави недостапни за други апликации и уреди.
Galaxy AI – интелигенција што работи за вас
Со Galaxy AI во Galaxy S25, S25+ и S25 Ultra, вашите секојдневни задачи стануваат поедноставни, побрзи и поефикасни. Без разлика дали организирате состаноци, пребарувате информации, снимате професионални видеа или едноставно сакате подобра контрола врз вашиот телефон, Galaxy AI е вашиот најдобар дигитален асистент.
Galaxy S25 серијата веќе е достапна за нарачка! Изберете го моделот кој навеќе ви одговара – Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra и зачекорете во новата ера на паметните телефони.




