Lifestyle
ЖЕНИТЕ ИЛИ МАЖИТЕ? КОЈ ПОВЕЌЕ РАБОТИ И КОЛКУ ВРЕМЕ „ТРОШИ“ ВО НЕПЛАТЕНА ДОМАШНА РАБОТА, истражување во Србија
29.01.2025
За период од 12 месеци, жените во Србија еден месец поминуваат во неплатени домашни работи: готвење, чистење, перење, пеглање и за грижа за другите членови од семејството. Од Републичкиот завод за статистика работеле на истражување за тоа кој повеќе извршува неплатени домашни работи од жените и мажите и колку чинат овие активности?
- Во сите категории кои се следени, жените повеќе поминуваат време во неплатени работи отколку мажите. Мажите повеќе време поминуваат на платени работни обврски отколку жените. Генерално повеќе повеќе време во работа поминуваат мажите, вели Владица Јанковиќ од Групата за одржлив развој и социоекономските индикатори во Републичкиот завод за статистика на Србија, во разговор за „Еуроњуз“.
Во однос на другите активности, како што се слободното време, учењето, личната нега, се забележуваат позначителни разлики.
Мажите на платени работи дневно поминуваат 3,9 часа, а жените 2,4 часа. Кај неплатениот труд разликата е двојно поголема. Мажите поминале само 2,1 час, а жените 4,2 часа во текот на еден ден.
Речиси 92,3 отсто од жените изјавиле дека извршувале неплатени активности, а од мажите се изјасниле 77 отсто.
- Кога би се вклучил и неплатената домашна работа на жените, бруто домашниот производ би се зголемил за 20-25 отсто. Според минималната плата на трудот, во 2010 година месечно би требало да се издвои по 116 евра, во 2015 сумата би изнесувала 130 евра, додека во 2024 година сумата е 288 евра. На годишно ниво неплатениот женски труд би чинел 3.461 евро, вели Јанковиќ.
Во 2010 година жените за неплатени работи трошеле речиси пет часа во денот, а во 2021 година ова време е над 4 часа. Мажите го незначително го намалиле времето поминато на неплатени домашни работи, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic