Финансии / Банкарство

ШВАЈЦАРИЈА ОЧЕКУВА БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ОД 3 МИЛИЈАРДИ ФРАНЦИ

26.01.2025

Во Швајцарија  се очекува годишниот буџетски дефицит да изнесува околу три милијарди швајцарски франци во следните неколку години поради повисоките воени и пензиските трошоци, изјави Карин Келер-Саттер, швајцарската претседателка и министерка за финансии.

Ова претставува поголем буџетски дефицит од минатата година, кога проектираниот дефицит беше околу 2,6 милијарди швајцарски франци.

Швајцарија традиционално има избалансирани буџети, но почна да „пријавува“ поголеми дефицити од 2020 година поради дополнителните трошоци поврзани со пандемијата Ковид-19.

Гласачите во оваа земја на референдум минатата година одлучија да ги зголемат исплатите на пензиите за постарите и покрај предупредувањата за повисоки буџетски трошоци, пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО