Економија
ММФ: Цените на енергијата се товар за Европа
23.01.2025
Светската економија ќе расте со стабилно темпо оваа и следната година, но со проширување на јазот меѓу САД и еврозоната, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во своите најнови прогнози, во кои се предупредува на значително повисоки цени на енергијата во Европа.
Кај развиените земји, американската економија годинава ќе порасне за 2,7 отсто. Овој раст е посилен од очекуваното, благодарение на континуираната силна домашна побарувачка. Во 2026 година растот на еврозоната би требало да се забрза до 1,4 отсто.
Германската економија годинава ќе порасне за само 0,3 отсто, за половина процентен поен помалку во однос на прогнозите од минатата есен.
Светската економија годинава ќе порасне за 3,3 отсто, а со исто темпо би требало да се зголеми и во 2026 година, се вели во привремените прогнози на ММФ.
Растот на светската економија е под просекот во првите две децении од овој век, кој изнесуваше 3,7 отсто. Во наредниот период следува послабо темпо на потенцијален раст, што е значително ослабнат уште пред пандемијата со Ковид-19.
Во 2026 година растот би требало да забави до 2,1 отсто. Економската активност во еврозоната се очекува да порасне за еден процент во 2025 година, пренесува „Банкар ме“.
Цените на природниот гас во Европа се околу пет пати повисоки отколку во САД. Во периодот пред пандемијата тие беа двојно повисоки.