Економија

ЛAГАРД: ЕВРОПА МОРА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ

22.01.2025

Европа мора да биде подготвена и да ги предвиди потенцијалните трговски царини од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Кристин Лaгард, претседателката на Европската централна банка за CNBC.

- Фактот што Трамп не воведе општи царини на првиот ден од преземањето на функцијата е многу добар пристап, бидејќи општите царини не ги даваат „нужно“ очекуваните резултати, изјави Легард, која очекува  „царините на Трамп да бидат селективни и фокусирани“.

Валдис Домбровскис, комесарот за економија во Европската Унија, изјави дека ЕУ ќе одговори на пропорционален начин, доколку биде потребно да ги брани економските интереси на Унијата, пренесе „Сеебиз“.

Европската Унија и Велика Британија се подготвуваат за контрамерки во случај претседателот на САД Доналд Трамп да воведе царини на стоките од европските земји. Брисел и Лондон веќе неколку месеци прават можни сценарија за еветнуалната трговска војна, пренесува „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО