Економија
ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВУВА ЕВРОПСКИ ПРИНЦИПИ „ВО НОВАТА ЕРА НА ГЕОСТРАТЕШКОТО РИВАЛСТВО“
22.01.2025
Нашата прва цел во односите со новото раководство во САД ќе биде брзо да воспоставиме врска, да бидеме подготвени за преговори и да бидеме прагматични во преговорите...Милиони работни места во светот зависат од меѓусебно поврзаните економии на ЕУ и САД, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говорот пред европратениците во Стразбур.
- Влеговме во нова ера на остро геостратешко ривалство, истакна Фон дер Лајен. Според неа, дејствијата на големите земји ќе бидат насочени пред се кон остварување на сопствените интереси.
Секогаш ќе се придржуваме до нашите европски принципи. Нашите вредности нема да се променат, но за да ги заштитиме мораме да бидеме економски силни, додаде таа.
- Мора да се намалат цените на енергијата, а во исто време дополнително да се намали нашата зависност од рускиот увоз на енергенси. Мораме да инвестираме во чиста енергија, да ја подобриме преносната мрежа, истакна фон дер Лајен.
Извор/фото МИА