Вести

Лазаревски: Tешко беше да се спречи брзата полуконтра и контра на Холандија

18.01.2025

Македонскиот ракометар Милан Лазаревски се осврна на поразот од Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025.

Македонија загуби со 37:32, во меч на кој „главната улога“ ја имаа судиите.

- Единствено нешто што ги издвојува Холанѓаните е нивната брза полуконтра и контра. Не се физички супериорни. Транзицијата им е извежбана до перфекција и колку да се подготвуваш, едноставно тешко е да им се спротивставиш на натпревар. Како што видовте, на поставен напад доста добро париравме, но одлучија нивните лесни голови во транзиција. Можеби немавме фер шанса да се натпреваруваме. Знам дека судиите ќе бидат главната тема на од овој меч. Браво за нашите репрезентативци од мене за пристапот и за волјата, истакна Лазаревски.

За избраниците на селекторот Кире Лазаров денес е слободен ден, а утре во 3. коло од Д-групата ќе се соочат со Гвинеја. Со победа или нерешено, Македонија ќе се пласира во Главната групна фаза.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО