Економија

ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП МЕЃУ НАЈВАЖНИТЕ РИЗИЦИ ЗА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА, се наведува во прогнозите на ММФ

18.01.2025

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди на можноста од негативно влијание на економските планови на новиот претседател на САД Доналд Трамп врз глобалната економија. Економската политика на Трамп ќе ги зголеми трговските тензии меѓу земјите, ќе ги намали инвестициите и ќе го наруши синџирот на снабдување.

Во најновите прогноци за растот на светската економија, меѓу ризиците доминира враќањето на економската политика на Трамп во Белата куќа, поради „големата неизвесност“ која веќе се одразува на берзите во светот, наведува Би-Би-Си.

Воведувањето на царините, намалувањето на даноците и дерегулацијата може да ја раздвижи американската економија на краток рок, но на крајот тоа може да има спротивен ефект. Во економската визија на Трамп царините се важно средство за раст на економијата во САД, за заштита на работните места и за зголемување на даночните приходи. Како што е познато, од САД има најави за зголемување на царините за Кина, Канада и Мексико на првиот работен ден  од новиот мандат на Доналд Трамп, кој почнува на 20 јануари, пренесува Н1.

ММФ предупредува дека ваквата политика може да ја отвори вратата за скок на инфлацијата во САД, што може да биде придружено со забавување на економскиот раст, потенцијално ослабувајќи ја силата на американските државни обврзници, во кои инвеститорите генерално имаат голема доверба.

Депортирањето на илегалните имигранти, што e  најавeно од  Трамп, би можело „трајно да го намали потенцијалното производство“ и да ја зголеми инфлацијата, додава ММФ, пренесува Н1.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО