Економија
ПОЖАРИТЕ ВО ЛУКСУЗНИТЕ НАСЕЛБИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС СЕ НАЈСКАПАТА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО САД?
14.01.2025
Разорните шумски пожари во поширокото подрачје на Лос Анџелес може да бидат меѓу најскапите природни катастрофи во историјата на САД. Една од причините за тоа е што беа зафатени градски населби со луксузни градби во вредност од неколку милиони долари. Шумските пожари однесоа најмалку 24 човечки животи и имот вреден неколку милијарди долари. Според процените на агенцијата за кредитен рејтинг Мудис се споменува и сума до една милијарда долари!
Очекувањата за економските загуби до 9 јануари сега изнесуваат 50 милијарди долари, но тие значително ќе се зголемат, проценуваат аналитичарите на банката JP Morgan.
Доколку се покажат процените за точни, пожарите во Лос Анџелес може да биде најскапата катастрофа од овој вид во САД. Пожарот што во ноември 2018 година го зафати округот Бјут во северна Калифорнија, досега е најскапиот пожар во историјата на САД. Проценката на осигурителните компании за штетата од овој пожар е 13 милијарди долари. Четирите најскапи шумски пожари во САД се случија во последните седум години.
Финансиските експерти ја наведуваат разликата меѓу оригурителната загуба – проценетата вредност за реалната штета која го покрива осигурувањето и пошироката штета и загубата која не се покрива со осигурувањето.
Приватната американска метеоролошка служба „Акуветер“ наведува дека штетите од шумските пожари во Лос Анџелес може да достигне меѓу 135 и 150 милијарди долари.
Според официјалните податоци, досега се уништени меѓу девет и десет илјади објекти, вклучително и многу деловни згради, а има големи уништувања и на инфраструктурата.
Како најскапа природна катастрофа во САД се води ураганот Катрина, кој беше разурнувачки тропски циклон од 2005 година, во кој беше предизвикана огромна материјална штета и многу изгубени животи во Њу Орлеанс. Штетата на осигурените објекти беше проценета на над 100 милијарди долари. Вкупните трошоци од оваа катастрофа беа над 200 милијарди долари, а тоа е сума поголема од вкупните штети предизвикани од ураганот Харви (2017), Јан (2022), Марија (2017) и Сенди (2012), објави Н1.
фото freepic