Економија

ВИСОКАТА ГЛОБАЛНА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ПОТРАЕ ДО 2028 ГОДИНА!

14.01.2025

Глобалната инфлација ќе остане на високо ниво до 2028 година, се заклучува во анкетата на економските експерти (EES) за четвртиот квартал во 2024 година, која ја спроведува институтот ИФО и Институтот за швајцарската економска политика.

Краткорочните инфлациски очекувања се во стагнација, а експертите очекуваат во 2025 година просечната инфлација да изнесува 3,9 отсто. Глобалната инфлација во 2025 година ќе се намали на 3,5 отсто и на ова ниво ќе останат до 2028 година.

Очекувањата за инфлацијата се разликуваат за различни региони во светот. Годинава најникса просечна стапка на инфлацијата во Западна Европа  ќе изнесува 2,1 отсто, очекувањата за Северна Америка, Океанија и Северна Европа  се движат од 2,6 и 2,7 отсто.

Регионот на Јужна Европа ќе има инфлација во просек од 3,5 отсто, а регионот на Источна Европа 7,5 отсто.

Во Азија има значителна хететерогеност во подрегионите, а во Африка ќе има натпросечна инфлација.

Стапките на инфлација во 2028 година во Западна Европа ќе се врати на два отсто, а во Северна Европа на 2,5 отсто.

Истражувањето е спроведено од 4 до 18 декември и во него учествувале 1.398 економски експерти од 125 земји, објави ИФО, пренесува РТВ.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО