Економија
ЦЕНАТА НА НАФТАТА НАЈВИСОКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ
13.01.2025
Цените на нафтата пораснаа трет ден по ред на електронско тргување на азиските берзи, при што цената на северноморската сурова нафта „брент“ се искачи над 81 долар за барел односно го постигна највисокото ниво во повеќе од четири месеци.
Трговците со нафта очекуваат проширувањето на американските санкции кон Русија да влијае на извозот на руската нафта за нејзините најголеми купувачи, Кина и Индија.
Цената на сурова нафта од Тексас за испорака во февруари се зголеми за 1,57 долари на 78,14 долари за барел. Мартовските фјучерси за нафтата „брент“ се зголемија за 1,53 долари на 81,29 долари.
Цените на нафтата од Северното Море и САД пораснаа за повеќе од шест отсто од 8 јануари, а растот на нивните цени дополнително го поттикна американското Министерство за финансии, кое во петокот воведе дополнителни санкции кон Русија, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic