Албанија се повеќе се истакнува како главна дестинација за вложување во недвижности во Европа, за што влијаат неколку фактори: ниските трошоци, поволна положба и богато културно наследство. Цените за недвижностите во Албанија се многу пониски од популарните дестинации како што се Грција, Шпанија и Португалија. Албанија станува атрактивна за почетните инвестиции, сметаат експертите од Balfin Real Estate.
Добра можност за инвестирање во секторот за недвижности се приморските региони, посебно во Валона, а инвестирањето во апартмани дава можност и за брз поврат на вложените средства.
Пазарот за изнајмување на недвижности се развива и во Тирана. Минатата година во овој град има повеќе жители за 1,54 отсто. Ова се должи на внатрешната миграција, но и на доселувањето на странци привлечени од пониските трошоци за живот. Цените за изнајмување се зголемија, но се многу пониски од другите европски градови.
Изнајмувањето на стан со една соба за спиење во центарот на Тирана чини 360 евра месечно, а за стан со три соби киријата е 660 евра. Цената за еден квадрат за стан во Тирана изнесува 1.750 евра, а во приградските населби околу 920 евра. Главниот град на Албанија станува потенцијален пазар за раст на секторот на недвижности. Во последните години цените за изнајмување се зголемиле за 58 отсто, пренесува Радио Сараево.
фото freepic