Економија
ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ПЛАТИТЕ, ПЕСИМИСТИЧКИ ПРОГНОЗИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА
11.01.2025
Потрошувачите во еврозоната очекуваат цените да растат двојно побрзо од нивните плати, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за ноември.
Граѓаните на еврозоната очекуваат просечната инфлација да биде 2,6 отсто во следните 12 месеци и дека нивниот номинален приход ќе порасне за 1,1 отсто во истиот период, значително побавно од стапката на инфлација.
Инфлациските очекувања се зголемени во однос на октомври кога изнесуваа 2,5 отсто.
Според очекувањата на анкетираните граѓани, Европската централна банка нема да успее ниту по 36 месеци да ја потисне инфлацијата до посакуваните два отсто.
Потрошувачите очекуваат економскиот пад на еврозоната да биде 1,3 отсто во следните 12 месеци, што е уште понеповолно отколку во октомври кога очекуваа пад од 1,1 отсто.
Истражувањето е спроведено онлајн на примерок од околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји од еврозоната: Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска, пренесува Б92.
фото freepic