Lifestyle
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ СМЕЕМЕ ПОЧЕСТО! СМЕЕЊЕТО НЕ Е САМО ЗАБАВА...
11.01.2025
Вчерашниот ден 10-ти јануари во многу земји е прогласен како Светскиот ден на смеата, односно за ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.
Но, смеата не е само забава - таа е и многу корисна за нашето здравје.
Смеата е универзална, но и лична - од заразно кикотење до тивка насмевка. Смеата има исто значење како и отпечатокот од прстот, зашто е единствена и открива многу за нас.
Научните испитувања покажале дека децата се смеат до 300 пати на ден, а возрасните тоа го прават 20 пати во денот! Колку сме постари помалку се потсетуваме на кратките моменти на радост.
Зошто е важно да се смееме почесто? По неколку минути поминати во смеа се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, а тоа ја намалува анксиозноста и помага при опуштање и го зголемува производството на ендорфин или хормонот на среќа.
Исто така, смеењето го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, а тоа влија е и на подобро помнење.
Смеењето ги согорува калориите
Насмевката го поттикнува телото на физичка активност. Десет минути поминати со насмевка може да согори 40 калории. Со оваа реакција се активираат 80 мускули на телото, а 17 се на лицето. Неколку минути со смеење може да има слично влијание како 15 минути вежбање на „фиксен“ велосипед.
Смеењето со други лица дополнително создава чувство на поврзаност, се надоградува меѓусебната доверба и позитивната слика за нас, а тоа се одразува на јакнење на личната самодоверба.
Луѓето се смеат различно?
Секое смеење е поинакво, бидејќи е резултат на единстевната комбинација на анатомската градба на гласните „жици“ и мускулите на лицето, на генетските предизпозиции, личните, соијалните и културните навики.
Некои луѓе кога се смеат користат повеќе групи на мускули, па затоа нивната реакција е поизразена и погласна.
Кај позатворените лица смеењето е потивко и подискретно, додека кај екстровертните лица е поприсутно гласното смеење. Културното опкружување има важна улога, а во некои култури смеењето е знак на почитување, додека во другите претставува експлозија на емоции и слобода за изразување, објави „Индекс.хр“.
фото freepic