Економија
ВО ХРВАТСКА РАСТЕ БРОЈОТ НА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ОД АЗИСКИТЕ ЗЕМЈИ И ОД МАКЕДОНИЈА
10.01.2025
На крајот на декември 2024 година во Хрватскиот завод за вработување се регистрирани 91.563 невработени лица, што е за 20,4 отсто или за 23.419 лица помалку од декември 2023 година. Во однос на ноември лани бројот на невработени во Хрватска се зголеми за 1,9 отсто или за 1.666 лица. Сега, бројот на невработените лица во Хрватска изнесува 94.469, а во исто време се огласени 16.151 слободни работни места.
Лани продолжил растот на трендот за издавање на дозволи за работа за странци и тоа за 20 отсто повеќе. Минатата година биле издадени 206.529 или за 34 илјади повеќе во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Министертвото за внатрешни работи на Хрватска. Но, квотата за вработување на странски работници не е исполнета односно има 60 илјади работници од странство помалку од бројот на издадените дозволи.
Најмногу дозволи има издадено за работници од Босна и Херцеговина и минатата година во Хрватска работеле 38.100 или за 140 помалку. Ова покажува дека е е исцрпен базенот за работна сила од БиХ.
Бројот на дозволи за работниците од Србија е поголем и достигнува до 28.000.
Лани се зголемени дозволите за работници од Непал и има зголемување за 50 отсто од 23,5 на 35,6 илјади. Пораст на работиниците има и од Бангладеш (13.600), како и од Индија (20.500) и Филипини (14700).
Во првите десет земји на странски работници влегуваат и од Узбекистан (7.000) и Египет (6.672).
Во Хрватска бројот на работници од Македонија е зголемен за три отсто, додека од Косово е забележан пад на издадени дозволи, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic