Економија

Во пожарите во Лос Анџелес „изгореа“ 50 милијарди долари, загинаа најмалку десет луѓе

10.01.2025

Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари.

Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе бидат под контрола, според „Џеј Пи Морган“, најголемата банка во САД, во извештајот за проценка на влијанието на пожарите врз индустријата, јави денеска Си-Ен-Ен.

Таквите загуби би го направиле шумскиот пожар во Лос Анџелес двојно поголем удар за осигурителната индустрија од она што претходно беше најскапиот шумски пожар, пожарот во кампот на округот Бат во 2018 година, кој ја чинеше осигурителната индустрија 10 милијарди долари, се вели во извештајот. 

Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес.

Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства.

Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови зафатени од пожарите. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано