Економија

ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА

09.01.2025

Германските фирми од автоиндустријата не очекуваат позитивни сигнали од работењето на надворешните пазари, бидејќи вредноста на индексот за очекувањата од извозот се намали од минус 19,1 поен во ноември на минус 20,3 поени.

Расположението во автомобилскиот сектор во Германија се влоши дополнително и се повеќе компании размислуваат за отпуштање на работници, се заклучува во извештајот за декември објавен од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот кој го мери деловното расположение се намали во Германија од ноемвриските минус 32,4 поени на минус 34,7 поени во декември, поради намалувањето на очекувањата во компаниите.

- Резултатите укажуваат дека германската автоиндустрија влегува во подлабока криза, изјави Анита Велфл, експерт за индустрија во ИФО, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО