Економија

Угостителските услуги поскапеле за 5,6 отсто, ноќевањата поскапи за 22,8 отсто

09.01.2025

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3,5 %. 

Ноќевањата во декември 2024 година во однос на декември 2023 година поскапеле за 22,8 отсто.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО