Економија

НА КОСОВО ДОМАЌИНСТВА ПРЕЖИВУВААТ И СО ДВА ДОЛАРИ ДНЕВНО!

08.01.2025

Косово се соочува со висока стапка на сиромаштија на населението  и е најсиромашна земја во регионот и Европа. Заменик директорот на Светската банка за Косово Џејн Спроустер во изјава за приштинската телевизија РТВ 21 изјави дека приходот по глава на жител  е низок во однос на просекот на земјите членки на Европската Унија, а стапката на сиромаштија е над 19 отсто.

- Косово мора да премине на модел на конкурентска економија на раст која создава повеќе и квалитетни работни места за сите граѓани. Со обезбедување на доволно квалитетни работни места за младите Косово ќе помогне да се премости јазот во приходите со ЕУ, вели таа.

Според неа, нивото на бруто домашниот производ на Косово е најнизок во регионот  и изнесува во просек 5.589 евра.  Во Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) од почетокот на 2024 година се наведува дека во Косово се продлабочува сиромаштијата. Имено, 10 отсто од домаќинствата во Косово преживуваат со помалку од два долари дневно. Според податоците на Светската банка, Косово има највисока стапка на невработеност со 37 отсто од работно способното население, пренесува Н1.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО