Економија
„ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ САНКЦИОНИРААТ ТРГОВЦИТЕ КОИ НЕОПРАВДАНО ГИ ПОДИГААТ ЦЕНИТЕ“, порача хрватскиот министер за економија
07.01.2025
Граѓаните да ги санкционираат трговците кои неоправдано ги подигаат цените и со тоа придонесуваат на растот на инфлацијата, порача Анте Шушњар, министерот за економија во Хрватска, по објавувањето на најновите податоци за годишната стапка на инфлацијата во земјата, која во декември се зголеми на 3,4 отсто. Според податоците на Евростат, инфлацијата во Хрватска изнесува 4,5 отсто и е највисока во земјите од еврозоната.
Хрватскиот министер за економија напомна дека „кога економијата расте, нужно се случуваат и непосакувани работи како што е инфлацијата“.
- Ја користам приликата да ги повикам потрошувачите на одговорност и да ги санкционираме тие кои неоправдано ги покачуваат цените, изјави Шушњар.
Тој додаде дека Владата преземала повеќе мерки за да се намали инфлаторниот притисок, како што е намалување стапката на ДДВ за храната.
- За жал, не се постигнати целите од овие одлуки, некои таа разлика ја вклучи во профитите на штета на граѓаните, објасни министерот за економија, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic