Економија

ОД ЕВРОЗОНАТА САМО ШПАНИЈА Е СО ДВОЦИФРЕНА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ

07.01.2025

Годишната инфлација во еврозоната се зголеми трет месец по ред и во декември достигна 2,4 отсто, објави во вторникот статистичката агенција Евростат.

Базичната инфлација се задржа на 2,7% четврти месец по ред, што исто така ги исполни очекувањата на економистите, додека инфлацијата на услугите скокна на 4% од 3,9%.

Германската инфлација скокна на 2,9 отсто во декември, повисокo од очекувањата, објави германската канцеларија за статистика Дестатис во своето прво соопштение по распуштањето на владата на земјата кон крајот на минатиот месец.

Стапката на невработеност во еврозоната, мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во ноември, како и претходниот месец, изнесуваше 6,3 отсто.

Евростат проценува дека речиси 13 милиони граѓани биле невработени во ЕУ во ноември, од кои 10,82 милиони биле во еврозоната.

Месечната споредба покажува дека бројот на невработени во еврозоната во ноември е намален за 39.000, а во ЕУ за 16.000. На годишно ниво е намален за 333 илјади во еврозоната и за 295 илјади во ЕУ.

Само Шпанија забележа двоцифрена стапка на невработеност од 11,2 отсто.

Најблиску до неа повторно била Грција со стапка на невработеност од 9,6 отсто. Следуваат Финска и Шведска, каде што изнесува 8,7 и 8,5 проценти, соодветно, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО