Економија

ГРАЃАНИТЕ ВО ИРСКА СО НАЈВИСОКИ ТРОШОЦИ ЗА ДОМУВАЊЕ

06.01.2025

Цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 48 отсто меѓу 2010 и 2023 година, додека трошоците за домување, вклучително и кириите, нагло пораснаа во некои земји-членки, се вели во најновиот извештај за домувањето во Европа објавен од Еуростат.

Луѓето во Ирска се соочија со највисоки трошоци за домување. Во 2023 година во оваа земја сметките за вода, струја и гас,  беа двојно повеќе од просекот на ЕУ. Второто најскапо место за живеење е Луксембург со трошоци на живот повисоки за 86 отсто над просекот на ЕУ, а  во Данска со 80 отсто над просекот.

Жителите во Бугарија и Полска имаа најевтини трошоци за живот,  со 61 и 56 отсто под просекот на ЕУ.

Во просек, луѓето во ЕУ одвојуваат околу една петтина (19,7 проценти) од својот расположлив приход за домување, со најголем удел во Грција (35,2 проценти), Луксембург (27,6 проценти) и Данска (25,9 проценти).

Во Норвешка, Швајцарија и Германија, луѓето трошат околу една четвртина од расположливиот приход за домување.

Повеќе од две третини од луѓето кои живеат во домаќинства во ЕУ имале свој дом, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано