Вести

Земјотрес почувствуван во Скопје

06.01.2025

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата. 

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 23:12 часот со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени.

ПРЕПОРАЧАНО