Вести

ЈУГОТ НА АЛБАНИЈА БЕЗ СТРУЈА

05.01.2025

Поголемиот дел од Албанија вечерва остана без струја, а најголемите градови на југот од земјата се во темница.

Без струја останаа градовите: Берати, Валона, Фиери, Драч, Лушња, Каваја, Шкозети, објави „Еуро њуз“ на албански јазик. Според неофицијални информации од ОСТ (Оператор на преносниот систем) дошло до дефект на високонапонскиот вод.

Без струја остана и регионалната болница во Валона, пренесе Б92.

ПРЕПОРАЧАНО