Економија

ГЕРМАНИЈА СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ПОВОЕНА ЕКОНОМСКА КРИЗА

05.01.2025

Германската економија забележува пад три години по ред и влегува во периодот со најдога криза од  последната светска војна, покажуваат податоците на Истражувачкиот институт Ханделсблат (ХРИ). Од Институтот предвидуваат пад на економијата од 0,1 отсто во 2025 година, по намалувањето од 0,3 отсто во 2023 и од 0,2 отсто во 2024 година.

- Германската економија се наоѓа во својата најоглема криза во повоената историја, изјави Берт Руруп, главниот економист  во ХРИ.

Демографското стареење на населението го зголемува притисокот, така што потенцијалот за раст на Германија се намали на само 0,5 отсто годишно.

Од Институтот предвидуваат скроемен раст во 2026 година со 0,9 отсто. Германската централна банка ги прилагоди своите изгледи за раст на економија за 2025 година, ревидирајќи ги од 1,1 отсто на 0,2 отсто.

Преминувањето на германската економија на поскапиот течен природен гас од САД ги зголеми трошоците на производство кои се одразија на конкурентноста на домашните компании. Кризата посебно се одрази во автомобилската германска индустрија, пренесува „Новости“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО