Економија
ТУРЦИЈА ВО 2024: ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД 44 ОТСТО И РЕКОРДЕН ИЗВОЗ
04.01.2025
Годишната стапка на инфлација во Турција во декември минатата година изнесуваше 44,3 отсто, додека еден месец претходно беше 47,1 отсто, покажуваат официјалните податоци. Инфлацијата паѓа седми месец по ред и е најниска од јуни 2023 година, кога изнесуваше 38,2 отсто, објави ДПА.
Аналитичарите очекуваат декемвриска инфлација од 45,2 отсто.Во најновата прогноза, Централната банка изрази очекување дека инфлацијата во Турција ќе биде 44 отсто на крајот на 2024 година.
Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари, што е раст од 2,5 отсто на годишно ниво, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Надворешно трговскиот дефицит на земјата, кој во 2023 година изнесуваше 106,3 милијарди долари, е намален на 82,2 милијарди долари.
Покриеност на увозот со извозот во 2024 година достигна 76,1 отсто, што е зголемување за 5,5 процентни поени на годишно ниво. Само во декември извозот на земјата се зголеми за 2,2 отсто на 23,5 милијарди долари, што е уште едно рекордно ниво, пренесува Б92.
фото freepic