Економија
Ставрески: Значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард
Што очекувате од 2025г.
Економија и бизнис | печатено издание | 15 декември 2024г.
„Најважно е да продолжат напорите за враќање на изгубената доверба во системот. За подобар живот е потребен економски раст, а за тоа се потребни економска слобода, политичка стабилност и предвидливост на политиките.
Македонската економија во 2025 година ќе оствари подинамичен раст со стапка на БДП од околу 4 %. Оваа проекција се потпира врз три столба: 1. Инфраструктурни проекти како автопати, железница, енергетика; 2. Локални инфраструктурни проекти со поддршка од 250 милиони евра од Владата; и 3. Инвестиции на приватниот сектор со кредитни средства со каматна стапка од 1,95 %. Овие три компоненти, заедно со странските инвестиции, силно ќе го придвижат инвестицискиот циклус. Потрошувачката ќе биде поддржана преку одмерено зголемување на платите, на пензиите и на кредитите од банките. Завршувањето на војната во Украина позитивно ќе влијае врз македонскиот извоз во ЕУ. Подеднакво значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард. Не смее да се повтори трката на платите и на цените, која се случуваше изминативе години. Инфлацијата ќе се одржува на 2 до 2,5 % со координиран напор на НБРМ и на Владата“.