Lifestyle

КИНА ТЕСТИРАШЕ ПРОТОТИП НА НАЈБРЗ ВОЗ ВО СВЕТОТ

31.12.2024

Кина го откри прототипот на најновата генерација на брзи возови, кој би бил најбрз воз во светот кога ќе биде пуштен во комерцијална употреба. Возот CR450  е претставен во Пекинг и достигнал брзина од 450 километри на час и со работна брзина од 400 километри на час, соопштија од кинеското министерство за сообраќај.

Возот ги помина повеќе од 3.000 симулации и над 2.000 тестирања на платформа за да ги задоволи ригорозните барања за комерцијална употреба, објавија медиумите во Кина.

Кина во последните години станува светски лидер  во развојот на железницата и гради по илјада километри секоја година нови пруги  до секое поголемо населено мосто во земјата. Железничката мрежа во Кина  изнесува 160.000 километри  од нив 46.000 километри се брзи железнички линии, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано