Економија

ЗОШТО ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО ХРВАТСКА СЕ ВИСОКИ?

31.12.2024

Хрватска не произведува доволно храна, вредноста на земјоделското производство се намалува, а потрошувачите ги трпат последиците од увозот на земјоделските вишоци и високите малопродажни цени. Земјоделскиот аналитичар Мирослав Кускуновиќ вели дека причините за намалувањето на домашното земјоделско производство, се климатските промени или геополитичките случувања, се делумно точни.

- Кога некој посериозно ќе се посвети на анализата и се споредат количините на произведени земјоделски производи пред влегувањето во ЕУ и денеска, ќе се покаже реалноста во земјоделското производство, вели Кускуновиќ.

Хрватска има се послаби производствени резултати и се повисоки цени на производите.

- Основниот проблем за хрватското земјоделство е што не произведуваме доволно храна и не се создаваат пазарни вишоци. Тогаш трговците евтино го увезуваат вишокот на храна и го продаваат поскапо. Во ЕУ има вишок на храна. Увозната инфлација и  малото домашно производство се главната причина за високите цени во Хрватска, појаснува Кускуновиќ, за „Сеебиз“.

Хрватска лани оствари најголем надворешнотрговски дефицит  во производството  на прехранбени производи, кој изнесува 1,9 милијарди евра. Годинава овој дефицит ќе надмине две милијарди евра. Вредноста на земјоделското производство во 2023 година изнесуваше 2,84 милијарди евра, што е намалување за 12,5 отсто во однос на претходната година.

ПРЕПОРАЧАНО