Економија

МИЛИОН ПАТНИЦИ И 15.000 ВОЗИЛА ПОМАЛКУ по еден месец од пуштањето на солунското метро

30.12.2024

Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина.

Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак во градот сообраќаат 15.000 возила помалку.

- Метрото му дава нов живот на градот, намалувајќи ја употребата на возила и зајакнувајќи го пазарот. Заедно градиме поодржлив и пофункционален Солун, истакна Јулекас.

На состанокот што бил одржан денеска со Координативен совет разговарале и за создавање паркинг места во близина на метро станиците, како и за намалување на проблемите создадени во сообраќајот поради изградбата на обиколницата fly over.

 

ПРЕПОРАЧАНО