Lifestyle
ШТО ПОКАЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА ЕМОТИКОНИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА!
30.12.2024
Лицата кои почесто користат емотикони во разговорите со пријателите и со фамилијата подобро ги разбираат сопствените емоции и поефикасно ја изразуваат својата личност, покажува истражувањето спроведено во САД.
Студијата покажала дека жените почесто ги користат емотиконите, додека луѓето кои се анксиозни или повлечени помалку ги користат.
- Начинот на кои комуницираме во текот на виртуелниот разговор може да открие многу повеќе за нас. Тоа не се само знаци за насмевка и за срце, туку и начин да пренесеме значење и со тоа комуницираме поефикасно, изјави Сајмон Дубе, истражувач од Институтот во Индијана.
Истражувањето открива дека луѓето кои се посигурни со користењето на емотиконите во пораките имаат повисоко ниво на емоционална интелегенција, бидејќи покажуваат способност да препознаат и да се прилагодат на чувствата на другите лица со кои комуницираат, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic