Економија
Капиталните инвестиции годинава над 70 проценти, реализицијата е коректна, вели Мицкоски
30.12.2024
Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70 проценти, од тоа што беше предвидено и планирано и мислам дека секогаш може да биде подобро, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања по пуштањето на реновираниот прв кат на Психијатриската болница во Скопје.
Тој посочи дека 2024 година беше изборна година, а како што вели првата половина беше таква, каква што беше, но новата Влада направила се што може за да ја зголеми реализацијата.
- Ценам дека оваа реализација е сосема коректна и навистина би рекол дека новата Влада направи се што можеше нивото на реализација на капиталните инвестиции да го зголеми. Следната година е година каде што е предвиден рекорден буџет за капиталните инвсетиции не само за државните, владините проекти, туку и за општинските проекти. Тука секако морам да ја споменам и поддршката кон економијата директно, којашто ја даде Владата, односно онаа поддршка за инвестиците на економските оператори 2,5 милијарди денари, што е поголема од 2022 и 2023 година. Исто така 2,5 милијарди денари се дадени преку ТИРЗ, тука да не го заборавиме и оној кредит со 1,95% каматна стапка, којшто од јануари треба да биде достапен на македонската економија, изјави Мицкоски.
Извор МИА